Конкурс на Програмата
“Подобрување на меѓуетничките односи во Македонија”
Програмата “Подобрување на меѓуетничките односи” во Македонија е тригодишна
програма финансирана од Фондацијата институт отворено општество - Македонија,
Фондацијата Крал Бодуен и Фондацијата Чарлс Стјуарт Мот. Програмата има за цел:
• Воспоставување и развој на подобри односи меѓу различните групи во етнички
мешаните заедници;
• Градење меѓусебна доверба преку запознавање на традицијата, културата,
религијата и јазикот;
• Отварање комуникација меѓу различните етнички заедници;
• Промоција на вредностите на демократијата, дијалогот, толеранцијата, соживотот
и зачувувањето на мирот;
• Откривање и поддршка на нови иницијативи на неформални граѓански групи и
• Соработка на НВО и неформални граѓански групи
Какви активности ќе се поддржуваат?
Програмата ”Подобрување на меѓуетничките односи” поддржува проекти на
неформални граѓански групи и на НВО, кои произлегуваат од реалните потреби на
заедницата и придонесуваат за подобрување на меѓуетничките односи.
Кој може да конкурира?
• Неформални групи минимум од 5 луѓе кои не се во роднинска врска;
• Регистрирани невладини организации.
Програмата не финансира:
• Поединечни и групни патувања во странство на конференции, семинари, научни
средби;
• Научни истражувања;
• Активности на политички партии и организации кои поддржуваат политички партии;
• Работа на реконструкција на објекти и
• Техничка опрема.
Начин на пријавување
На конкурсот може да се аплицира само со еден проект, но не е исклучена
можноста две или повеќе НВО кои соработуваат да конкурираат со заеднички проект.
Организациите или неформалните групи што ќе конкурираат треба да поднесат
пополнет образец за институции и организации/образец за неформални групи и имаат
право да аплицираат секој на својот мајчин јазик со кратко резиме на македонски
јазик.
Максимален буџет за проект е 5 000 евра.
Период за спроведување на проектите е до 6 месеци.
Вкупниот буџет на програмата изнесува: 50.000 евра.
Потребни документи:
• Пополнет образец за институции и организации/образец за неформални групи за
програмата “Подобрување на меѓуетничките односи”
• Кратко резиме на проектот на македонски јазик;
• Копија од регистрација на НВО, програма за работа и листа на реализирани
проекти(за НВО);
• Кратки биографии на членовите на групата со опис на улогата на секој член во
проектот(за неформални групи).
Дополнителни информации за програмата и пријави може да се добијат во
Фондацијата институт отворено општество – Македонија, бул. Јане Сандански 111,
Скопје, тел. 02/444 488 лок.108, кај советниците на програмата или на web site:
www.ierse.org.mk.
Пополнетите пријави со назнака “Програма за подобрување на меѓуетничките
односи” може да се достават по пошта или лично на адреса: Фондација институт
отворено опшетство-Македонија, бул.Јане Сандански 111, Скопје, најдоцна до
09.05.2003.
Дополнителни информации за програмата и пријави може да се добијат во
Фондацијата институт отворено опшетство-Македонија, тел. 02/444 488 лок.129, кај
советниците на програмата или на web site: www.ierse.org.mk.