Информации за програмата
Контекст
Република Македонија беше една од ретките земји на Балканот којашто за време на распаѓањето на поранешната Југославија успеа да го избегне виорот на војната.
За жал, 2001 година ќе биде запаметена по војната којашто траеше повеќе од 6 месеци и којашто не донесе ништо друго освен уништување на опшеството, културните
споменици, уништување на мирот, зголемена омраза меѓу етничките групи, поткопување на меѓуетничките односи, губење на довербата и толеранцијата меѓу граѓаните,
отсуство на општествени активности итн.
Приоритетни потреби
- градење и одржување на доверба;
- запознавање едни со други (традиција, култура, религија, јазик);
- толеранција, дијалог, свесна консолидација на вредностите на
демократијата, почит, соживот, зачувување на мирот итн;
- откривање и поддржување на нови иницијативи (иницијативи на
граѓански групи);
- вмрежување на невладините организации и неформални граѓански групи;
- граѓанско и демократско образование.
Главна цел на програмата
- воспоставување и развој на подобри односи меѓу различните групи во
етнички мешаните заедници;
- градење меѓусебна доверба преку запознавање на традицијата, културата ,
религијата и јазикот;
- отварање комуникација меѓу различни етнички заедници
- промоција на вредностите на демократијата, дијалогот, толеранцијата,
соживотот и зачувувањето на мирот;
- откривање и поддршка на нови иницијативи на неформални граѓански групи и
- соработка на НВО и неформални граѓански групи.
Целни групи
- групи со различна етничка припадност, возраст и род (деца, млади,
студенти, возрасни, наставници, невработени итн.);
- невладини организации;
|
|
|