ПОДОБРУВАЊЕ НА МЕЃУЕТНИЧКИТЕ ОДНОСИ

Програма на развојни грантови за градење на капацитети и фокусирање на учењето
 

Програмата “Подобрување на меѓуетничките односи” во Македонија е тригодишна програма финансирана од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија ,Фондацијата Крал Бодуен и Фондацијата Чарлс Стјуарт Мот.

Програмата ќе биде имплементирана на целата територија на Република Македонија преку вмрежување на НВО, ќе ги поддржува локалните иницијативите на граѓани кои имаат за цел да го надминат јазот меѓу заедниците или етничките групи. Првата година ќе биде посветена на охрабрувањето и поддршката на иницијативите на неформални групи и давање поддршка на постоечки иницијативи за нивен развој и успешна имплементација. Проактивниот пристап овозможува активно вклучување на локалната самоуправа и медиумите во реализација на програмата.





Главна страница
Информации за програмата
Конкурс
Апликации
Улога на советниците
Советници