Апликации


Пополнете ја следната апликација и доставете ја до најблискиот советник или до програм координаторот.

Одобрени проекти во првиот круг за грантови, 2002 година

Што поддржува програмата?


Кој може да конкурира?  
- неформални групи минимум од 5 луѓе кои не се во роднинска врска;
- регистрирани НВО.
 

Ние ќе ги поддржиме проектите на невладините организации и граѓанските иницијативи кои се реални, изводливи, и кои се иницирани од заедницата и имаат влијание врз заедницата - односно, кои ќе предизвикаат промена.

Проектите треба да бидат локални, односно да се спроведуваат во локалните области - населби, општини. Резултатите од еден таков проект треба да бидат очигледни во овие заедници. Меѓутоа, тие, исто така, треба да бидат претставени и на пошироката јавност.

Што не финансираме  
- невладини организации и групи каде членовите кои се вклучени во проектот доаѓаат од исто семејство (блиски роднини)

- патувања во странство од видот на научни собири, конференции, семинари, состаноци, итн.;

- градежни работи (со исклучок на незначителни операции за реконструкција кои се потребни понекогаш);

- политички партии илиорганизации кои поддржуваат политички партии;

- академски истражувања;

- набавка на техничка опрема, освен ако не е оправдана во рамките на спроведувањето на самиот проект;

- хонорари (освен за максимум од две лица, 150 евра по лице).
 

Нема услов проектите да бидат поднесени од страна на две или повеќе невладини организации од различни етнички групи - тие можат да бидат поднесени и од една невладина организација. Меѓутоа, целната група треба да опфаќа луѓе од различно етничко потекло. Проектите можат да вклучуваат различни области (здравство, животна средина, образование, самохрани мајки или поддршка на раселени лица, итн.). Меѓу-етничката компонента е задолжителна.

Критериумите за организациите и/или групите кои се носители на проектот (кои го координираат) се во согласност со општите критериуми на програмата:

  • ресурси (пристап до релевантна експертиза);
  • компатибилноста на Програмите со основата на стратегијата на нивните организации;
  • респект, доверливост/достојност за почит во заедницата;
  • одговорност;
  • искуство (или потенцијал за учење доколку тие се групи) за раководење со проект;
  • искуство за директна работа во рамките на заедниците;
  • добро познавање и контакти со различни култури во заедницата.
     


Во првиот циклус, една организација или група може да конкурира само со еден проект. По поднесувањето на конечниот извештај, таа може да конкурира повторно. Одбиените организации или групи може повторно да конкурираат со различен или изменет проект.

Периодот за спроведување на проектот ќе изнесува најмногу до шест месеци.

Границата на буџетот за еден предлог-проект ќе биде 5 илјади Евра.

Предлог-проектите можат да се поднесат на јазикот на кој поднесувачот на проектот може да се изрази најлесно, со резиме на Македонски јазик.





Главна страница
Информации за програмата
Конкурс
Апликации
Улога на советниците
Советници