Улога на советниците


  • Промоција на програмата во регионот за којшто тој/таа е одговорен и во кој работи;
  • Огласи и настапи во локалните медиуми (канцеларијата ја врши промоцијата во националните медиуми);
  • Дистрибуција на промотивните материјали преку нивните е-маил листи, по поштата или по факс;
  • Состаноци со невладините организации и со граѓаните во ресурсните центри и различните места во регионот што претставуваат собиралишта за помалите невладини организации;
  • По завршувањето на првиот циклус, советниците треба да се сретнат со цел размена на искуствата, утврдување на постоечките проблеми и изнаоѓање на можните решенија и разгледување на состојбите по региони;
  • Советниците треба да одржуваат редовна комуникација, како меѓусебе така и со концеларијата - тие треба да имаат заедничка група за дискусија;
  • Советниците треба да стапат во контакт со заедниците, групите, невладините организации, се со цел да се поттикне развојот на одделни потенцијали, коишто се уште не прераснале во готови иницијативи, за да добијат финансии преку отворениот конкурс;
  • Да помагаат во работата на разни групи од заедницата со цел да се дојде до некаква иницијатива со којашто ќе може да конкурираат во вториот круг;
  • Да работат на откривање на постоечките и на новите иницијативи и поединци;
  • Задолжително е присуството на советниците на работилници и на манифестации кои се во организација на реализаторот на проектот;
  • Во текот на спроведувањето на проектите, советниците ја следат работата и обезбедуваат помош.
    • Помошта на иницијативите вклучува – олеснување на дискусиите, обезбедување независен поглед, совети за подобрување на иницијативите, обезбедување помош во учењето и само-оценувањето, обезбедување помош во утврдувањето на потребната обука или дизајнирање на мрежна обука.

Распределување на одговорностите меѓу советниците

Критериумите за распределба на одговорностите меѓу советниците се:

  • регион/општина;
  • поле на стручност;
  • капацитетите;
  • познавањето јазици;
  • етничката припадност;
  • искуството и познавањата за одреден регион и невладините организации коишто во него делуваат.




Главна страница
Информации за програмата
Конкурс
Апликации
Улога на советниците
Советници